Во служба на свештениците од Гевгелиското архиерејско намесништво, во манастирот „Св. Спас“ во Гевгелија беше одржана свечена Златоустова литургија за големиот христијански празник- Вознесение Христово, Спасовден.
Со светиот чин началствуваше архиерејскиот намесник- протоереј ставрофор Љупче Миланов, во присуство на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и голем број верници. Со молитви за здравје и спасение на граѓаните на општината беше благословен празничен колач.
– Овој светол ден во христијанството, празникот што Гевгелија и манастирот „Св. Спас“ го слават како свој патрон, нека донесе здравје, мир и спокој во секој дом- порача градоначалникот Сарамандов во честитката по повод славењето на патронот на градот.




































