Денеска (12 јуни 2025 година), СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија ќе го одбележи крајот на учебната 2024/2025 година со завршната манифестација „Од најдобрите за најдобрите“. Во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:30 часот, со културна-уметничка програма на англиски и француски јазик ќе се претстават средношколците подготвени од менторите Кристина Пренда, Емилија Дуганова и Мирјана Чамџиќ. Традиционално, на учениците кои постигнале значајни успеси и го афирмирале Училиштето, директорот Александар Делиџаков ќе им врачи пофалници. Настанот е дел од програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“.
