Во манастирот „Св. Спас“- Гевгелија, по повод празникот Вознесение Христово, беше отслужена Света Архиерејска Литургија. Во чиноначалствување на митрополитот Повардарски, г-дин Агатангел и сослужение на митрополитот Европски, г-дин Пимен и митрополитот Тетовско-гостиварски, г-дин Јосиф, Литургијата ја проследија градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, локални функционери и голем број верници.
Исто така, беше благословен и поделен славски колач за здравје и бериќет на сите граѓани од општина Гевгелија. Градоначалникот Сарамандов посака светлиот ден во христијанството, празникот којшто Гевгелија и манастирот „Св. Спас“ го слават како Патрон, да донесе здравје, мир и спокој во секој дом.