Чествувањето на Св. Спас- заштитникот на градот Гевгелија во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ продолжува со Концерт „Трибјут на Џанго Рајнхарт“.
Утре (28 мај 2025 година), на Градскиот плоштад во Гевгелија, со почеток во 20:30 часот, ќе настапи квартетот во состав на највиртуозните џез-музичари во Македонија- м-р Филип Динев, м-р професор Иван Иванов, Оливер Јосифовски и Ристо Ивановски. Станува збор за омаж на највиртуозниот џипси-џез гитарист изведен во автентичен француски стил со 2 гитари, контрабас и кларинет.
Пред Концертот, со почеток од 19:30 часот, исто така на Градскиот плоштад во Гевгелија, со перформанс ќе настапи Танцовото студио „Мистик“- Гевгелија.

