Изминатиов викенд, во Ума, беше организирана акција за чистење на каналот крај патот што води до ова населено место. Во организација на Месната заедница и Здружението на Власите „Мегленија“, како и ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, беше организирано чистење на каналот и зелените површини покрај патот.
Крајпатните канали се од голема важност за непречено одвивање на сообраќајот. Притоа, се изразува уверување дека ваквата иницијатива ќе биде прифатена и во другите населени места.