Патролата на Општина Гевгелија за превенција од шумски пожари беше активна и во населеното место Моин. При теренската посета, претставници на општинската администрација, ТППЕ- Гевгелија, ОО Црвен крст- Гевгелија и полицијата остварија средби со жителите, со цел едукација и подигање на свеста за превенцијата од шумски пожари.
Жителите добија едукативни материјали со упатства за правилно однесување во периоди со висок ризик од пожари, како и информации како да препознаат потенцијални опасности и да ги пријават. Посебен акцент беше ставен на потребата од редовно чистење на сува вегетација и горлив материјал од дворовите и приватните имоти, со цел намалување на ризикот од пожар.
Патролата ќе продолжи со оваа иницијатива на Општина Гевгелија и во останатите населени места во општината со цел да се зајакне координацијата меѓу граѓаните и одговорните институции во превентивното делување.





