Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари работна средба со претседателката на Атлетската федерација на Република Македонија, Александра Војнеска Зикова и со членови на Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија. Тема на средбата беше развојот на атлетиката во Гевгелија, за што се констатира дека овој спорт бележи висок подем преку организацијата на Седмоноемвриската трка. Исто така, заедничка беше и констатацијата дека во Р. Македонија недостасува стратегија и потребна инфраструктура за развој на овој спорт.
Градоначалникот Сарамандов пред Војнеска Зикова го изрази своето задоволство што Гевгелија е препознатлива по Атлетската трка November run, којашто прерасна во спортски бренд не само во земјата туку и пошироко.
– Нашите деца е потребно уште во рана возраст да ги практикуваат основните спортски дисциплини, коишто пак понатаму ќе придонесат за развивање интерес и за другите спортови. За таа цел, локалната самоуправа веќе подготвува техничка документација за вложување во нова спортска инфраструктура, истакна Сарамандов