Градоначалникот на општина Пеонија, Република Грција, Константинос Сионидис, ја посети Гевгелија и оствари средба со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. На средбата, градоначалникот Сарамандов го изрази своето задоволство од долгогодишната соработка помеѓу двете погранични општини. Притоа, изрази уверување дека успешната соработка и реализација на заедничките проекти ќе продолжи и понатаму.
Од страна на градоначалникот на општина Пеонија, Константинос Сионидис, беше потврдена заложбата за натамошно продолжување и унапредување на соработката меѓу двете општини. На средбата, стана збор и за заедничкото аплицирање на Општините Гевгелија и Пеонија на објавениот повик на ИПА Програмата за прекугранична соработка.