Општина Гевгелија и годинава подготви богата музичко-забавна програма за дочекот на Новата година. Граѓаните ќе имаат можност, на Градскиот плоштад во Гевгелија, заеднички да ја испратат 2024 година и да ја дочекаат 2025 година со: концерт на Ефто Пупиновски и „Милениум бенд“, „Либра бенд“, „Европорта Фест“ во организација на Здружението „Внимание“- Гевгелија на кој ќе настапат млади музички таленти од општина Гевгелија со изведба на домашна и странска музика и настапот на Ѓорге Митров. Помеѓу настапите на музичките изведби, за изнудување смеа кај присутните на новогодишната забава, е задолжен гевгелискиот stand-up комичар, Дејан Малзарков, со неговото шоу „Диверзија“. Водител ќе биде Никола Опров. Новогодишната културно-забавна програма започнува во 20:00 часот.
„Гевгелија заслужува да биде урбано место со богата музичка содржина преку целата година. Водејќи се од тоа дека традицијата треба да се негува, граѓаните ќе имаат можност заеднички да ја дочекаат Новата 2025 година на Градскиот плоштад во Гевгелија“- истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Поканувајќи ги своите сограѓани: „Да ја дочекаме заедно Новата 2025 година.“