На 26 август 2024 година, на подрачјето на општина Гевгелија, во вечерните часови, е предвидено спроведувањето на последното, трето теристичко прскање против возрасни комарци. За таа цел, се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во најавениот временски период. Доколку временските услови бидат непогодни за реализација на последниот третман од годинашната дезинсекција, граѓаните ќе бидат навремено известени за следниот термин.