Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, заедно со директорот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија, д-р Патрик Матх и претставници од компанијата „Конти Хидропласт“ извршија увид во тековните градежни активности за реконструкција на две значајни болнички одделенија.
Средствата за оваа реконструкција се обезбедени како донација од страна на општествено одговорната гевгелиска компанија „Конти Хидропласт“, а истата опфаќа комплетно обновување на Одделението за детска превентивна стоматологија и Интерното одделение.
Оваа инвестиција ќе овозможи значително подобрување на условите за престој и третман на пациентите, како и за работа на медицинскиот персонал.
Градоначалникот Сарамандов ја поздрави соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор, истакнувајќи дека токму ваквите примери ја покажуваат важноста на заедничките вложувања во унапредување на здравствените услуги и општото добро на заедницата.


















