Врз основа на член 8 став (1) и член 60 од Законот за основно образование („Сл. весник на РСМ“ бр. 161/2019, 229/2020, 3/2025 и 74/2025), основното образование е задолжително, трае девет години и се организира во три воспитно-образовни периоди, и тоа од прво до трето одделение, од четврто до шесто одделение и од седмо до деветто одделение.
Уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2025 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2019 година и за оние кои сакаат, за деца родени во текот на јануари 2020 година. Уписот ќе се врши од 2 до 30 мај 2025 година, во основните училишта во општината, со целосно почитување на реонизацијата на училиштата и живеалиштита на децата.
Родителите се должни при уписот да достават извод од матичната книга на родените за детето, потврди за примените задолжителни вакцини за детето, за извршен офталмолошки и извршен стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа.
Родителите задолжително закажуваат термин за прием на документите и интервју со детето во основните училишта на следниве телефонски броеви:
– ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија 078/447-373;
– ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија 075/542-235;
– ООУ „Климент Охридски“ – Миравци 070/670-440;
– ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци 078/232-499.
Доколку родителот има интерес, пријавата и документите потребни за успис на детето во прво одделение може да ги поднесе во електронска форма на платформата uslugi.gov.mk, по што ќе биде закажано интервју со детето.