На 42. седница, Советот на Општина Гевгелија, со мнозинство гласови го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година, за периодот јануари-март (кумулативно). Во овој период, од вкупно проектираниот Буџет на Општина Гевгелија за 2024 година, во висина од 603.912.887 денари, реализирани се приходи во висина од 159.082.306 денари или 26,34%, од кои тековно оперативни приходи 148.844.082 денари и 10.238.224 денари капитални приходи. Додека, реализирани се вкупно расходи во висина од 154.041.914 денари и тоа 138.142.258 денари тековно оперативни расходи и 15.899.656 денари капитални расходи.
Во Основниот буџет, се реализирани приходи во висина од 78.549.199 денари, додека во структурата на реализираните расходи, капиталните расходи учествуваат со 14.187.347 денари или 18,07%.