Утре (24 јули 2024 година), Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 45. седница. Советот ќе расправа по неколку предлог-одлуки и решенија. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 12:30 часот. За работа на седницата, е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Одлука за прифаќање донација од Друштвото за градежништво, трговија и услуги А ПЛУС ИНЖИНЕРИНГ ДОО Скопје за изведба со градежни работи за поместување на канал РАУЉ,
2. Предлог-Одлука за прифаќање донација од Друштвото за градежништво, трговија и услуги А ПЛУС ИНЖИНЕРИНГ ДОО Скопје за техничка документација- основен проект за поместување на канал РАУЉ,
3. Предлог-Одлука за ИД на Одлуката бр. 09-2094/1 од 27.12.2023 година за определување тарифа/цена за општински линиски превоз на патници на порачјето на општина Гевгелија;
4. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Гевгелија,
5. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈОУДГ ДЕТСКА РАДОСТ Гевгелија за 2025 година,
6. Предлог-Решение за разрешување член во Управниот одбор на ЈОУДГ ДЕТСКА РАДОСТ Гевгелија од редот на Советот на родители,
7. Предлог-Решение за именување член во Управниот одбор на ЈОУДГ ДЕТСКА РАДОСТ Гевгелија од редот на Советот на родители,
8. Информација за безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Гевгелија,
9. Информација за состојбата со занаетчиската дејност во општина Гевгелија,
10. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во општина Гевгелија.