Во рамки на програмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“, како и културното чествување на Спасовден 2025 година, утре (29 мај 2025 година), ќе се одржи промоција на документарни филмови „Моја Гевгелија“. Настанот, во организација на ЗГ „Од станица до граница“, е во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, со почеток во 12:30 часот.
Со видеорепортажи се опфатени:
– гевгелискиот Амам и Старата чаршија, како дел кој го претставува историски отоманскиот период и архитектурата градена во тоа време, но и неговиот развој и менувањето на неговата улога;
– Национална установа Музеј и Вардарски Рид- експонатите и локалитетот што ја прикажуваат историјата и културата на Гевгелија и околината уште од античкиот период;
– Манастирот „Свети Спас“ и црквата „Свети Кирил и Методиј “- важни религиозни и културни објекти кои ја одразуваат духовната традиција на регионот
– Библиотека „Гоце Делчев“ и улицата позната како „Од станица до граница“- значајни културни и архитектонски зданија кои ја испишуваат историјата на градот од настанокот до денес.

