Утре (6 септември 2023 година), Советот на Општина Гевгелија
ќе ја одржи својата 31. седница, на која ќе расправа по повеќе предлог-одлуки и решенија. Советот ќе расправа по Годишниот план за вработување на Општина Гевгелија за 2024 година и давање согласност за аплицирање проект, негова имплементција и обезбедување одржливост на резултатите од проект на Јавниот повик за проектни предлози од ИНТЕРРЕГ ИПА Програм за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2021-2027 година. Како и по Годишните извештаи за работа за учебната 2022/2023 година, Годишните програми за работа за учебната 2023/2024 година и Годишните програми за ученички екскурзии и слободни активности на основните училишта и средното општинско училиште на подрачјето на општина Гевгелија.
Исто така, на претстојната седница, ќе се разгледуваат и Финансовиот план за 2023 година за планирани приходи и расходи за сметка 7150108249785 Д0 на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 1 јануари – 30 јуни, 2023 година. Седницата на Советот на Општина Гевгелија ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа, е предвиден следниот дневен ред:
- Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на Општина Гевгелија за 2024 година,
- Предлог-Одлука за одобрување на аплицирање на проект, негова имплементација и обезбедување одржливост на резултатите од проект по Јавен повик за проектни предлози со бр. 2021TC16IPCB007–2023-3 од ИНТЕРРЕГ VI-А ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија 2021-2027 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2022/2023 година
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2023/2024 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Финансов план за 2023 година за планирани приходи и расходи за сметка 715018249785 Д0 на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за учебната 2022/2023 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за учебната 2023/2024 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за ученички екскурзии и други слободни активности на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за учебната 2023/2024 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за учебната 2022/2023 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за учебната 2023/2024 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за ученички екскурзии и други слободни активности на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за учебната 2023/2024 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за учебната 2022/2023 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за учебната 2023/2024 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за изведување ученички екскурзии и други слободни активности на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за учебната 2023/2024 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата и постигнатите резултати на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за учебната 2022/2023 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за учебната 2023/2024 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за ученички екскурзии и други слободни активности на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за учебната 2023/2024 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за учебната 2022/2023 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за учебната 2023/2024 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишниот Извештај за работата на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2022/2023 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната Програма за работа на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2023/2024 година,
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на работното време во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија,
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за зголемување на бројот на деца во групите во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2023/2024 година,
- Предлог-Решение за давање согласност на Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот од 01.01,2023 година до 30.06.2023 година.