По спроведувањето на постапката за избор на членство во Локалното младинско собрание, во Општина Гевгелија се формираше новиот состав на Локалното собрание на млади. На првата седница, одржана денес (26 ноември 2024 година), со мнозинство гласови за претседател на Локалното младинско собрание е избран Петар Дагалев.
Исто така, членовите на Локалното собрание на млади во Општина Гевгелија усвоија нов Деловник за работа, од нив се избраа тројца кои ќе бидат одговорни за следење на на процесот за избор на членови во Локалниот младински совет и донесеа Одлука за распишување на Јавен повик за члество во Локалниот младински совет на Општина Гевгелија. Јавниот повик ќе биде објавен утре (27 ноември 2024 година).
Имено, на Јавниот повик за членство во Локалното младинско собрание, номинации доставија вкупно 8 организации согласно Законот за младинско учество и младински политки: Здружение на граѓани „Од станица до граница“, Клубот на млади при ОО Црвен крст- Гевгелија, Здружение за мултимедијална култура „Мултумедија“, Здружение на пчелари „Апитоксин“, Унија на млади сили на ВМРО- ДПМНЕ ОК Гевгелија, Регионален центар за одржлив развој, Средношколската заедница во СОУ „Јосиф Јосифовски“ и Социјалдемократската младина при ОО СДСМ Гевгелија. Верификационата комисија од Општина Гевгелија им го потврди мандатот на сите предложени, констатирајќи дека потребната документација е комплетна и номинираните ги исполнуваат условите за членство во Локалното собрание на млади.
Новиот состав на Локалното собрание на млади на Општина Гевгелија брои 16 члена, од коишто 8 се делегати и 8 се заменик-делегати: Ѓорги Новаковски и Андреј Димов, Јосиф Зоев и Мартин Стојанов, Петар Гребенаков и Ивана Толева, Бруно Алчинов и Цветанка Костадинова, Валентина Ангелова и Сања Пенова, Петар Дагалев и Марија Калинова, Михаил Петров и Анастасија Атанасова, и Ангел Аевски и Оливер Велков.
Службеникот за млади во Општина Гевгелија, Петар Јанчев, им ги честита мандатите на членовите и му посакува успешна работа на Локалното младинско собрание на Општина Гевгелија.