Во Богородица е уреден простор со модерен и функционален изглед, наменет за одмор и дружење на жителите. Градежните активности за партерно и хортикултурно уредување на централниот дел од населбата опфатија: поплочување со павер елементи, изградба на пешачки патеки, поставување жардиниери со хортикултурно уредување, нов летниковец и партерно осветлување.
– На почетокот од мојот мандат нарачавме техничка документација, а потоа ги реконструиравме старата кафеана „Винојуг“, просториите на пензионерите и Младинскиот дом „Мите Танов- Коми“. Денес, со завршување на овој зафат центарот на Богородица доби репрезентативен, функционален урбан амбиент. Продолжуваме со работа, за остварување на приоритетните цели на секое населено место во Гевгелија. Граѓаните заслужуваат резултати- истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, по завршувањето на градежните активности за реконструкција на централното подрачје во Богородица.























