Битовата драма и комедија на интрига „Чорбаџи Теодос“ во поставка на Драмската секција при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија ги насмеа до солзи присутните. Покрај целокупниот впечаток, посебно доживување за публиката беше третиот чин, односно сцената со Чорбаџи Теодос и Циганите. Дечињата- актери, аматери со режијата беа поздравени со долготраен аплауз за нивното успешно претставување на „штиците што живот значат“ и за напорната работа на Драмската секција, со којашто раководи Катица Џишева Дупарова.
„Чорбаџи Теодос“ беше изведена на 15 април 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија, во рамки на програмата за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“.







