Советот на Општина Гевгелија ја одржа својата 56. седница. По оставката на Патрик Матх, кој ја извршувашефункцијата претседател на Советот на Општина Гевгелија, Советот му ја констатираше оставката и согласно издаденото Уверение за избор на нов член од страна на Општинската изборна комисија – Гевгелија му го верифицираше новиот советнички мандат на Лазар Шуклев од кандидатската листа за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Локалните избори 2021 година. Местото на Матх, како претседател на Советот, го презеде Ѓорге Попов, исто така, од кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ.
На 56. седница, Советот на Општина ги разгледа Извештаите за реализација на Програмите за културните и спортските активности во 2024 и ги донесе новите Програми за 2025 година. Покрај тоа, беше донесена и Програмата за финансирање проекти, манифестации и значајни настани за 2025 година, и разгледан Извештајот за реализација за истата програма, но за 2024 година. Исто така, беше утврдена потреба за прифаќање иницијатива за изработка на Урбанистички план за село Ума (КП бр. 1008 и 1009), а беше изнесена информација за поставување билборди на подрачјето на општина Гевгелија. Советот го усвои Финансовиот план на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија и даде согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2025 година. Седницата заврши со Информација за состојбата со археолошкото богатство на подрачјето на општина Гевгелија.