Општина Гевгелија и ова лето обезбедува бесплатни часови по пливање за најмладите. Со цел да се поттикне здрав психо-физички развој и активен начин на живот кај децата, годинава повторно објавуваме Јавен повик за часови по пливање и стекнување на основни пливачки вештини кај децата. Часовите ќе бидат спроведувани од сертифициран спортски инструктор и се наменети за деца, жители на општина Гевгелија на возраст од 7 до 12 години.
Пријавувањето започнува од вторник 29.07 и ќе трае до четврток 31.07.2025 година, во просториите на Општина Гевгелија, (Голема сала) од 10:00 до 12:00 часот.
Преку оваа иницијатива,локалната самоуправа останува посветена на создавање активности и програми што ги охрабруваат здравите навики кај децата