Општина Гевгелија објави Јавен повик за работно ангажирање на 25 невработени лица за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување)- согласно мерката 6.2 од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување на пазарот на трудот за 2025 година усвоен од Владата на Република Македонија.
Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период до најмногу 5 (пет) месеци. За кандидатите кои ќе бидат избрани и работно ангажирани се предвидува да им биде исплатен износ од 24.000 денари месечно со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход. (средства обезбедени од Буџет на АВРСМ – Потсметка активни програми и мерки).
Право на аплицирање имаат евидентирани невработени лица во АВРМ- активни баратели на работа, исполнувајќи ги следниве услови- да имаат општа здравствена и психофизичка способност и да се на возраст до 55 години.
Заинтересираните невработени лица пријавите за учество во мерката треба да ги достават во Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија, во периодот од 10.07. – 17.07.2025 година, од 08:00 до 15:00 часот.
Потребни документи за аплицирање:
– пријава за учество (се пополнува во Центарот за вработување Гевгелија);
– потврда од матичен лекар за општа здравствена состојба и психофизичка способност на лицето и дека истото не боледува од кардиоваскуларни, белодробни заболувања, епилепсија и дијабет;
– изјава за согласност за учество во ЦВ (се пополнува во Центарот за вработување- Гевгелија).
Повеќе информации на линкот даден во прилог: Повик