Општина Гевгелија ја посети амбасадорот на Јапонија во Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. При посетата, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари работна средба со јапонскиот амбасадор, на којашто му изрази благодарност за досегашната поддршка и помош од страна на јапонскиот народ за општина Гевгелија. Сарамандов потенцираше дека таквата соработка, којашто постои од 1999 година, е мошне важна, затоа што се зајакнува пријателството, градејќи мост на солидарност помеѓу двата народа. Како и, го изрази своето уверување дека заедничката соработка во иднина ќе расте и ќе придонесе да остави значаен белег.
По средбата, Сарамандов и Казуја присустуваа на Изложбата „Jaпонскиот лебдечки свет UKIYO-Е“, којашто беше поставена во Галеријата „Амам“ во Гевгелија по повод одбележување на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Јапонија и Македонија. Изложбата е во рамки на Проектот за соработка помеѓу Амбасадата на Јапонија во Македонија, Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“- Скопје, Музеј на град Скопје и неформалната мрежа на музеите „Музеум Линк“, а во Гевгелија се спроведе со НУ Музеј- Гевгелија. Изложбата беше збогатена со ликовна работилница, на којашто учествуваа ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, под менторство на ликовниот педагог, Розета Картова.