Гевгелија, овој викенд, живееше во ритамот на атлетиката. Улиците на градот беа претворени во спортска арена, каде вкупно 3.000 учесници- деца, рекреативци и врвни атлетичари- ја исполнија петтата, јубилејна трка „November Run Gevgelija“. Настанот, организиран од Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија, годинава постави нови стандарди и донесе невидена меѓународна атлетска конкуренција.
Програмата започна во саботата (15 ноември) со инклузивната трка „Run Together“, реализирана во соработка со Фондацијата „Ице Бегов“- Скопје, во која учество земаа 900 лица. Инклузивната трка беше вистински празник на хуманоста и заедништвото. Во трката учествуваа деца заедно со своите родители, наставници со ученици, како и членови на Здруженија на лица со попреченост ширум Македонија. Поддршка на настанот даде и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој учествуваше заедно со своето семејство.
Елена Бегова, претставничка на Фондацијата „Ице Бегов“- Скопје, ја отвори трката со воведна реч. „Тоа е момент кога лицата со телесна и со друга попреченост конечно се чувствуваат еднакво, трчаат заедно со своите пријатели и се радуваат на победата, а хуманоста и емпатијата стануваат најсилната енергија“, рече Бегова, мајката на Ице Бегов, момчето во чија чест се организира оваа трка, означувајќи го почетокот на настанот. Потоа, следуваа детските трки, во кои трчаа 800 најмлади љубители на атлетиката, носејќи радост и енергија по улиците на Гевгелија.
Во возбудливата детска трка за Категорија 2011-2014 – девојчиња, првото место го освои Ана Бегова родена 2014 година со време од 3 минути и 53 секунди. Второто место ѝ припадна на Клара Дуева родена 2013 година со време од 4 минути и 10 секунди, додека третото место го зазеде Стефани Попѓорѓиева родена 2012 година со време од 4 минути и 14 секунди. Кај момчињата, првото место го освои Максим Ангов роден 2013 година со време од 3 минути и 19 секунди. Второто место му припадна на Ѓорѓе Папучиев роден 2013 година со време од 3 минути и 30 секунди, додека третото место го зазеде Ристе Јовановски роден 2013 година со време од 3 минути и 38 секунди.
Во детската трката за родените 2015-2016, кај девојчињата првото место го освои Каја Алексовска од „Делта“ родена 2016 година со време од 4 минути и 14 секунди. Второто место ѝ припадна на Ива Петровска родена 2015 година со време од 4 минути и 41 секунда, додека третото место го зазеде Вера Ѓуров родена 2015 година со време од 4 минути и 42 секунди. Кај момчињата, првото место го освои Томче Петков роден 2016 година со време од 3 минути и 40 секунди. Второто место му припадна на Јован Лазаревски роден 2016 година со време од 3 минути и 47 секунди, додека третото место го зазеде Тома Ќаев роден 2016 година со време од 3 минути и 48 секунди.
Во трката за најмладите учесници (категорија 2017 и помали), кај девојчињата првото место го освои Јоана Петкова родена 2017 година со време од 4 минути и 23 секунди. Второто место ѝ припадна на Илина Ѓорѓиевска родена 2018 година со време од 4 минути и 29 секунди, додека третото место го зазеде Пепика Дебникова родена 2017 година со време од 4 минути и 45 секунди. Кај момчињата, првото место го освои Матеј Каров роден 2018 година со време од 3 минути и 57 секунди. Второто место му припадна на Борис Николов роден 2017 година со време од 3 минути и 58 секунди, додека третото место го зазеде Филип Стафилов роден 2017 година со време од 4 минути и 1 секунда.
Главната улична трка на 5 и 10 километри се одржа во неделата (16 ноември), а на стартната линија застанаа 1.300 натпреварувачи од Македонија, Грција, Бугарија, Косово, Србија, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција, Финска, Португалија, Германија, Кенија и Мароко. Трката на 10 километри, која воедно беше и Државно првенство, ѝ овозможи на Гевгелија да го види новиот државен шампион, но и да ужива во присуството на атлетски имиња што инаку ги гледаме на најголемите меѓународни митинзи.
Меѓу нив беа Елзан Бибиќ – национален рекордер на Србија, европски младински шампион и учесник на Олимпијада; Томислав Новосел- национален рекордер на Хрватска; Урош Гутиќ- национален рекордер на БиХ; како и Греса Бакрачи- косовска национална рекордерка и олимписка атлетичарка. Настапија и шест елитни тркачи од Кенија, како и Mohamed EL GHAZOUANY од Мароко, еден од големите фаворити.
Овој спортски викенд донесе резултати што ќе останат запаметени во историјата на уличната атлетика во Македонија. Беа поставени два национални рекорди – српскиот рекорд на 10 км. благодарение на Елзан Бибиќ и косовскиот рекорд на 5 км. од Греса Бакрачи. Покрај тоа, на патеката беа соборени три рекорди: женската трка на 5 км., како и машката и женската на 10 км. За првпат во земјава беа забележани резултати од највисоко европско ниво- време под 29 минути кај мажите (28:45) и под 33 минути кај жените (32:51).
Повеќе од 1.200 финишери ја поминаа целната линија на 5 и 10 километри, додека публиката без престан ги бодреше учесниците долж целата патека, создавајќи атмосфера што ретко се доживува.
Во женска конкуренција на 10 км., доминираа атлетичарките од Кенија. Првото место го освои Valentine Jebet (Кенија) со импресивно време 00:32:50, веднаш зад неа заврши нејзината сонародничка Chelangat Sang со 00:34:52, додека третата позиција и припадна на бугарската претставничка Marinela Nineva, која ја заврши трката за 00:35:42. Во машка конкуренција триумфираше српскиот атлетичар Елзан Бибиќ, кој со феноменално време од 00:28:45 го освои првото место. Второпласиран беше Mohamed El Ghazouany од Мароко, со резултат 00:29:15, а третопласиран Кениецот Hillary Kiptum Maiyo Kimaiyo, кој на целта пристигна за 00:29:19.
Во рамки на истата спортска манифестација беше одржано и Националното првенство на Македонија (улична трка на 10 км.), на кое атлетичарите од домашните клубови покажаа силно натпреварувачко темпо и одлични резултати. Во женска конкуренција, клубот „Делта“ запиша целосна доминација на подиумот. Титулата национална шампионка ја освои Адрјана Поп Арсова, која дистанцата ја истрча за 00:36:10. Второ место освои Миљана Ристиќ со време 00:38:07, додека третопласирана беше Марина Домазетовска, која трката ја заврши за 00:44:25. Во машка категорија, првото место и титулата национален шампион му припадна на Александар Арсов од „Делта“, со време 00:33:02. На второто место се најде Жан Тосев од АК Струмица, кој оствари резултат од 00:33:20, а трет беше Бојан Чаприќ од „Делта“, со време 00:33:37.
Во рамки на тимското рангирање на женската трка на 10 километри, најдобри резултати постигнаа: InstaRun со вкупно време: 03:18:20. Обезбедувајќи ја победата со стабилни и усогласени настапи на своите членки. Најдобро пласирана од тимот беше Викторија Тодоровска, која ја заврши трката за 00:46:12, следена од Зорка Гаштевска со 00:48:13 и Христина Гиздовска со време од 00:48:33. Тимот го заокружи својот одличен резултат со настапот на Ангела Борчевска, која финишираше за 00:55:22. Второппласиран беше АК „7 Ноември“- Гевгелија со вкупно време: 03:29:05. Домашниот клуб АК „7 Ноември“- Гевгелија го освои второто место со извонреден тимски настап. Најбрза од тимот беше Марија Пеликон со одлично време 00:45:08, по што следеа Руса Анѓелковиќ со 00:51:58 и Александра Каракерезова со 00:53:06. Тимот го комплетираше Надица Панова, која трката ја совлада за 00:58:53. Третопласирана беше екипата на Fit In со вкупно време 03:41:48, со солидни индивидуални настапи. Најдобра од тимот беше Надица Боева, која постигна време од 00:49:30, а зад неа финишираа Ивона Паноска со 00:55:54, Магдалена Илиева со 00:58:07 и Софиа Укајдари, која го запиша времето 00:58:17.
Во тимското рангирање на 10 километри- машка категорија, првото место го освои тимот Delta со вкупно време од 2 часа, 17 минути и 30 секунди. Во составот на тимот беа Александар Арсов со 33:02, Бојан Чаприќ со 33:37, Атанас Анчевски со 34:10 и Атанас Наумов со 36:41. Второто место му припадна на AК Atomic со вкупно време 2 часа, 29 минути и 39 секунди. Во тимот беа Сашо Богојевски со 33:53, Дино Дамјановски со 36:58, Андреја Исаиев со 38:37 и Јордан Атанасовски со 40:11. Третото место го зазеде AK Skopski Maraton со вкупно време 2 часа, 31 минута и 20 секунди. Во тимот беа Игор Јакимовски со 37:11, Андреј Стојковски со 37:35, Мартин Трајановски со 37:37 и Антонио Пандовски со 38:57.
Во трката на 5 километри- женска категорија, убедливо прво место освои Греса Бакраќи од Косово со време од 16 минути и 56 секунди. Второпласирана беше Роуз Џепчумба од Кенија, претставничка на клубот Bendek, која целта ја помина за 17 минути и 6 секунди. Третото место ѝ припадна на македонската атлетичарка Ирма Хајдари, која ја заврши трката со време од 18 минути и 19 секунди. Во категорија мажи на 5 километри: првото место го освои Бенард Кипротич Тоо од Кенија со време од 15 минути. Второто место му припадна на Урос Гутиќ од БиХ, претставник на АК „Борец“, со време од 15 минути и 17 секунди. Третото место го зазеде Атанас Куцаров од Бугарија, член на СКЛА „Михаил Желев“ – Сливен, со време од 15 минути и 19 секунди.
Во групно рангирање на 5 км.- женска категорија, првото место го освои AК Atomic со вкупно време од 1 час, 28 минути и 33 секунди. Во составот на тимот беа Тамара Попов со време 21:32, Радица Јованова со 22:12, Катерина Јовановска со 22:17 и Ива Стефановска со 22:32. Второто место му припадна на АК „7 Ноември“- Гевгелија со вкупно време 1 час, 31 минута и 35 секунди. Тимот го сочинуваа Наташа Демерџиева со 20:08, Ана Бегова со 22:00, Дона Гетева со 24:04 и Добрилка Семенакова со 25:23. Третото место го зазеде BFit со вкупно време 1 час, 44 минути и 18 секунди. Во тимот беа Теа Николов со 25:05, Слаџана Маркова Бисерова со 25:05, Ребека Велкова со 26:55 и Деспина Соколова со 27:13.
Во трката на 5 километри- вкупно групно време, машка категорија, првото место го освои Uskana со вкупно време од 1 час, 11 минути и 26 секунди. Тимот го сочинуваа Мухахид Мислими со 15:55, Алберт Абази со 17:43, Сендрит Арифи со 17:55 и Ермин Бејноски со 19:53. Второто место му припадна на АК „7 Ноември“- Гевгелија со вкупно време 1 час, 13 минути и 38 секунди. Во тимот беа Влатко Семенаков со 17:18, Атанас Епов со 18:03, Даниел Анчев со 18:03 и Никола Нанчев со 20:14. Третото место го зазеде AK „Борец“ со вкупно време 1 час, 14 минути и 27 секунди. Во составот на тимот беа Урос Гутиќ со 15:17, Петар Даев со 17:19, Срѓан Милошевски со 20:05 и Даниел Пановски со 21:46.
Многу атлетичари го оценија овој спортски настан како еден од најквалитетните во регионот. Македонскиот маратонец Игор Јакимовски, кој учествуваше и годинава, ги сумираше впечатокот со зборовите:
– „November Run Gevgelija 2025” треба да биде запишана како историски најдобра петка и десетка улична атлетска трка. Со должна почит на сите останати македонски трки, меѓутоа фактите се неверојатни да се читаат по следното. Постигнати два национални рекорди на Греса Бакрачи (Косово) и Елзан Бибиќ (Србија) кои ќе бидат запишани во нивните национални федерации забележани на сертифицирана атлетска трка токму во Македонија. Постигнати три рекорди на патеката на 5 км. жени и 10 км. мажи и жени. Постигнати за првпат во Македонија два врвни атлетски резултати на 10 км., мажи под 29 минути – 28.45 и жени под 33 минути – 32.51. Врвна атлетска стартна линија од цел Балкан и пошироко со учесници на олимпијади, светски и европски првенства, митинзи во Дајмонд Лига, европски медалисти, национални рекордери. Беспрекорна организација од петок до недела попладне. Скоро 1.200 финишери на 5 и 10 км. Успешно реализирани детска и хумана трка ден претходно со неколку стотини учесници. Совршено и беспрекорно уредени, исчистени и подготвени улици за трчање со врвно обезбедени критични места од МВР и обезбедувањето. Публика долж целата патека која бодреше искрено нецели два часа од срце. Волонтери како што може да се посака – љубезни, вредни и подготвени. Неверојатен финишер медал кој е на рангот од најголемите светски маратони, па и подобар од нив. Забава долж целата патека додека се гине за подобар резултат. Станици за вода, музика, дружби, среќни лица, експо, прекрасна финиш зона, промоции, позитива…“
АК „7 Ноември“ ја упати следната благодарница до сите учесници, волонтери и гости:
„Ви благодариме на сите што бевте дел од ова јубилејно, 5. издание на трката„ November Run Gevgelija“! 3.000 учесници трчаа во сончевата Гевгелија! Беа срушени 3 од 4 рекорди на патеката, а беа поставени и 2 национални рекорди – на 10 километри за Србија од Елзан Бибиќ и на 5 километри за Косово од Греса Бакрачи. Честитки за сите учесници!“
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, на крајот од настанот упати свои зборови на поддршка и признание за организацијата и за сите учесници, нагласувајќи:
„Спортски настан преку кој изминатите години Гевгелија се афирмираше како град на атлетиката. Изразувам честитки до организаторите и сите кои се вклучени во овогодинешното издание на ‘November Run’ и ‘Run Together’, Фондацијата ‘Ице Бегов’ и Атлетскиот клуб ‘7 Ноември’.“
Јубилејното издание на „November Run Gevgelija“ уште еднаш покажа дека Гевгелија е град кој умее да организира настани на високо атлетско ниво и да привлече врвни имиња од светската сцена. Настанот заврши со силни впечатоци, рекорди и позитивна енергија што уште долго ќе се прераскажува меѓу учесниците и љубителите на атлетиката. Настанот е поддржан од Општина Гевгелија, преку Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2025 година.