На 10 декември 2025 година, со почеток во 19:30 часот, во Народниот театар- Гевгелија, ќе се одржи Новогодишниот детски концерт на Ансамбл „Бојмија“ под наслов „Колоритот на орото“.
Публиката ќе има можност да ужива во шареноликата традиционална музика и ора, изведени од детските групи, кои со својата енергија и љубов кон народното творештво ќе ја разбудат празничната магија во градот. Настанот е дел од програмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“.
Влезот чини 200 денари.



