Од утре (10 јуни 2025 година), во Гевгелија започнува традиционалниот Меѓународен натпревар за млади пијанисти, во организација на познатиот македонски пијанист родум од Гевгелија – Глигор Гелебешев. Во текот на двата натпреварувачки дена, до 11 јуни 2025 година, Гевгелија ќе биде центар на музичката младост од регионот. Ќе настапат млади талентирани пијанисти од Македонија, Србија, Турција и Бугарија, кои ќе се натпреваруваат во машка и женска конкуренција, распоредени во 6 категории според возраста и нивото на музичка подготвеност.
Натпреварот ќе се одржува во хотел „Аполонија“ – Гевгелија, со почеток од 09:00 часот. Учесниците ќе имаат можност да се претстават пред стручно жири составено од еминентни професори по клавир од земјата и странство. Годинeшното издание на натпреварот е дел од официјалната програма „Гевгелија град на културата за 2025 година“, што дополнително го зацврстува значењето на настанот. Тој претставува важен придонес во поддршката и афирмацијата на млади музички таленти, како и во продлабочувањето на интеркултурната соработка меѓу земјите од регионот.
