Според Завршната сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, којашто Советот на Општина Гевгелија со мнозинство гласови ја усвои на 40. седница, вкупно реализираните приходи на Буџетот на Општина Гевгелија во 2023 година изнесуваат 626.013.346 денари (редовни приходи 623.266.214 и пренесени приходи 2.747.132 денари) или 97,78 % од планираниот буџет во вкупен износ од 640.224.580 денари.
Даночните приходи, во износ од 180.147.361 денари, се натфрлени за 113,72%, натфрлување од 126,88% е остварено и кај капиталните приходи, во износ од 55.548.389 денари. Неданочните приходи, во износ од 16.358.894 денари, се остварени со 62,32%, приходите од трансфери и донации, во износ од 340.105.638 денари, се реализирани со 91,43%, додека домашното задолжување од 33.853.064 денари или 85,05%.
Приходите на Основниот буџет се реализирани во висина од 291.056.378 денари, што претставува натфрлување за 106,71% од планираните приходи во висина од 272.747.349 денари. Извори на приходи на Основниот буџет се даночните приходи- 180.147.361 денари, неданочни приходи- 3.488.346 денари, капиталните приходи- 55.548.389 денари и трансфери и донаци- 51.872.282 денари.
Вкупно реализираните расходи на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година во висина од 593.973.122 денари изнесуваат 92,78% од вкупно планираните расходи за 2023 година, односно 640.224.580 денари. Значајно е да се одбележи дека реализираните капитални расходи на Основниот буџет во висина од 85.902.242 денари, во споредба со планираните 91.123.782 денари, учествуваат со 94,27%. Тоа несомнено ја потврдува развојната компонента на инвестиционите активности, реализирани во текот на минатата година. Додека во вкупните расходи, капиталните расходи учествуваат со реализација од 123.349.711 денари или 85,42%, во споредба со планираните 144.407.504 денари