На 12 април 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток од 19:30 час, СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија ќе го чествува Патрониот празник. Во рамки на активностите, ќе биде одиграна театарската претстава „Адска машина“, во изведба на Драмското студио „Дон Кихот“.
Режијата е на професорката по македонски јазик и литература, Даниела Џишева, а техничката обработка на професорот по македонски јазик и литература, Тони Аврамов. Во претставата играат учениците: Зоран Кундурџиев, Весна Делева, Костадин Узунов, Јована Дупарова, Андреј Димов, Јован Грозданов, Бранко Проданов и Катерина Јовановска. Пред изведбата на претставата, Патрониот празник ќе биде отворен со настап на Училишниот хор, под менторство на професорот, м-р Илија Атанасов, како и проекција на филм „50 години пријателство“во знак на соработката помеѓу СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и ТП „Михајло Пупин“- Инџија. Обраќања ќе имаат директорите на двете училишта, Александар Делиџаков и Драгана Винчиќ Младеновиќ.
Одбележувањето на Патрониот празник на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија е дел од активностите во програмата за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“.

