Утре (13 јуни 2025 година), во концертната сала на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи концерт на студентите по пијано од класата на вонреден професор м-р Кристијан Каровски при Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Овој концерт во соработка со ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија претставува дел од официјалната културна програма на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, а настанот е уште една можност за гевгелиската публика да ужива во изведбите на млади, талентирани пијанисти кои се дел од една од најреномираните музички образовни институции во земјава.
Публиката ќе има можност да проследи разновидна пијанистичка програма со дела од светската класична литература, изведени од идни професионални уметници кои со својот труд и посветеност го оправдуваат високиот квалитет на македонското музичко образование. Меѓу учесниците е и гевгеличанката Мими Дучева, поранешна ученичка во ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија. Настанот е отворен за сите љубители на музиката.

