Општина Гевгелија ја информира младата популација дека лицата на возраст од 15 до 29 години, кои во моментот не се вработени и не се вклучени во образование или обука, можат да се приклучат кон програмата „Гаранција за млади“ и да се вклучат во активните мерки на Агенцијата за вработување, во соработка со Националниот младински совет на Северна Македонија (НМСМ).
Во рамките на програмата, теренските работници активно работат во општините, обезбедувајќи информации и поддршка за младите лица со цел нивно активирање на пазарот на труд. Теренските активности се реализираат во: Скопски Регион, Североисточен Регион, Источен Регион, Југоисточен Регион, Пелагониски Регион, Полошки Регион, Вардарски Регион и Југозападен Регион.
Сите заинтересирани лица можат да се пријават преку онлајн формуларот за пријава, а регистрацијата е отворена до крајот на октомври 2025 година. По поднесената пријава, теренските работници ќе воспостават контакт и ќе им обезбедат на сите пријавени подетални информации за можностите што ги нуди Гаранцијата за млади и начинот на вклучување.
Општина Гевгелија, заедно со Националниот младински совет на Северна Македонија, ги повикува младите да ја искористат оваа можност и активно да учествуваат на пазарот на труд.