Во рамките на програмата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија е организатор на арт перформанс „Писма“, кој ќе се одржи на 14 август 2025 година (четврток), со почеток во 21:00 часот, на платото пред Народен театар- Гевгелија.
„Писма“ претставува креативен израз на три млади и талентирани уметници- Марија Џинова, Теодора Ставрова и Михаела Ризова од Гевгелија, кои своето образование го стекнуваат во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје. Преку синтеза на визуелна уметност, перформанс и лични пораки, тие ќе понудат едно интимно, емоционално и инспиративно доживување, создавајќи уникатен простор за комуникација помеѓу уметникот и публиката.
Настанот е замислен како уметничко патување кое ќе го доближи светот на современата уметност до граѓаните на Гевгелија и ќе покаже колку младите творци можат да инспирираат со својата свежина, храброст и креативна енергија.
