Утре, 18 јули 2025 година (петок), со почеток во 20:00 часот, во Пионерскиот дом- Гевгелија, ќе се одржи Изложба на сувенири изработени во рамки на Керамичката работилница со уметничката Гордана Николоска Петрова, вајарка и музејски копист. Изложбата е завршен настан на десетдневната креативна работилница што се реализираше од 7 до 17 јули 2025 година.
Керамичката работилница се одвиваше во две фази: првиот дел, беше посветем на инклузивно дружење и творење со лица со попреченост, штитеници на Дневниот центар за лица со попреченост- Гевгелија и Центарот „Мајка Тереза“- Гевгелија.
Вториот дел беше посветен на повозрасни учесници, кои преку креативна едукација и сопствено творење ја откриваа силата на глината- не само како материјал, туку и како средство за исцелување на умот и духот преку арт-терапија.
Настанот е организиран од ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, во рамки на програмата за „Гевгелија град на култура за 2025 година“.
