На 20 август 2025 година, следува монодрамата „Прво лице еднина“ од репертоарот на НУЦК „Трајко Прокопиев“- Куманово. Изведбата ќе започне во 20:00 часот, пред платото на Народниот театар- Гевгелија. Настанот е во организација на ЈОУ Дом на културата „Македонија“- Гевгелија, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“.
Монодрамата е авторски текст на актерката Владанка Крстевски, инспириран од книгата „Добра ноќ за бунтовни девојчиња“ од Елена Фавили и Франческа Кавало. Претставата го прикажува процесот на една актерка која се соочува со изборот дали да ги оствари своите соништа приватно и професионално или да отстапи од нив.
Режисерката Драгана Гунин истакнува дека претставата е лична и ја обработува позицијата на актерот во специфичните услови на македонската уметничка сцена, прикажувајќи повеќе женски ликови и нивните приказни.
Актерката Владанка Крстевски додава дека преку претставата се пренесува порака за жените кои секојдневно се борат и работат за семејствата, а често остануваат незабележани.
