Утре (22 мај 2025 година), во рамки на програмата за манифестацијата „Гевгелија град на културата 2025 година), следува завршната приредба на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија. Во Народниот театар- Гевгелија, со почеток од 17:00 часот, 175 дечиња ќе се претстават со театарска претстава „Стара гевгелиска чаршија“, со којашто симболично ќе ги одбележат завршувањето на претшколското и преминот во основно образование.
Станува збор за сценарио, коешто се одвива во Гевгелија, во периодот помеѓу двете Светски војни. Претставата ќе го долови духот на едно минато време преку изработени костими, сценографија и музички подлоги, со прикажување на секојдневието на старите гевгеличани, меѓучовечки односи, вредности и обичаи.
