На 4 јуни 2025 година, дечињата од Драмската секција ќе ја прослават својата успешна учебна година со премиерна изведба на театарската претстава за деца „Витезот Моливко и нешто повеќе“, во продукција на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија. Премиерата ќе се одигра во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот. Влезот е слободен.
Станува збор за сценарио адаптирано од Нада Ристова, во коешто се опфатени повеќе лектири за деца, во режија на Катица Џишева Дупарова. Театарското доживување ќе биде збогатено со оригинална и преработена музика на Влатко Сапламаев и кореографски точки под менторство на Танцово студио „Мистик“- Гевгелија. Графичкиот дизајн за сценографијата е на Катарина Пренда, а реквизитите се изработени од Гордана Николовска Петрова.
Театарската претстава за деца „Витезот Моливко и нешто повеќе“ е дел од настаните за јунската програма за „Гевгелија град на култура 2025 година“.

