Гевгелија ќе биде домаќин на петдневниот Летен саем на книга, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија. Во периодот од 14 до 18 август, пред јаворот на Библиотеката, на штандови своите најнови изданија на книги (белетристика, литература за деца, трилери…) ќе ги излагаат 5 македонски издавачки куќи и тоа: „Гаврош“, „Чудна шума“, „Сказнувалка“, „Полица“ и „Божилак“. Штандовите ќе бидат отворени од 18:00 до 22:00 часот.
Библиотеката ги поканува љубителите на книги да дојдат на Летниот саем и да си ја збогатат нивната книжевна колекција.