Советот на Општина Гевгелија, на 26 декември 2025 година (петок), со почеток во 10:00 часот, во Mалата сала на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз- Тито“ во Гевгелија, ќе ја одржи својата 5. седница. На седницата ќе се работи по следниот дневен ред:
1. Предлог-Буџет на Општина Гевгелија за 2026 година,
2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година,
3. Предлог-Буџетски календар на Општина Гевгелија за 2026 година,
4. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници вработени во Општина Гевгелија за 2026 година,
5. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2026 година,
6. Предлог-Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските улици и патишта во општина Гевгелија за 2026 година,
7. Предлог-Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Гевгелија за 2026 година,
8. Предлог-Одлука за обезбедени средства во Буџетот на Општина Гевгелија наменети за надоместок за експропријација на недвижен имот за изградба на објекти од јавен интерес од локално значење за 2026 година,
9. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2026 година,
10. Предлог-Програма за поставување урбана опрема на подрачјето на Општина Гевгелија за 2026 година,
11. Предлог-Програма за одржување на јавното осветлување во општина Гевгелија за 2026 година,
12. Предлог-Одлука за обезбедување кофинансирање за проект „Меѓуопштинска соработка за безбедни заедници во областа на превенција, заштита и спасување од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човекот“,
13. Предлог-Одлука за формирање заедничка комисија за утврдување на предлогот за актот на МОС за проект „Меѓуопштинска соработка за безбедни заедници во областа на превенција, заштита и спасување од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човекот“,
14. Предлог-Решение за именување членови во заедничка комисија за утврдување на предлогот за актот на МОС за проект „Меѓуопштинска соработка за безбедни заедници во областа на превенција, заштита и спасување од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човекот“,
15. Предлог-Програма за активностите на Општина Гевгелија во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и прекуграничната соработка за 2026 година,
16. Предлог-Програма за активностите на Општина Гевгелија во областа на Фондацијата за локален развој и развој на информатичките технологии (ФЛОРИТ) – Гевгелија за 2026 година,
17. Предлог-Програма за активна транспарентност во Општина Гевгелија за 2026 година,
18. Предлог-Програма за активностите од областа на заштитата и спасувањето и справувањето со кризи на подрачјето на општина Гевгелија за 2026 година,
19. Предлог-Програма за активностите на Општина Гевгелија во областа на социјалната заштита за 2026 година,
20. Предлог-Програма за активностите на Општина Гевгелија во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2026 година,
21. Предлог-Програма на Општина Гевгелија за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во општина Гевгелија за 2026 година,
22. Предлог-Правилник за начинот, постапката и критериумите за доделување финансиски средства за програми, проекти и активности од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија,
23. Предлог-Правилник за начинот, постапката и критериумите за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на Општина Гевгелија,
24. Предлог-Програма за активностите на Општина Гевгелија во областа на образованието за 2026 година,
25. Предлог-Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња и контрола на кучиња со сопственик затекнати на јавна површина на територијата на Општина Гевгелија за 2026 година,
26. Предлог-Програма за подигање и одржување на урбаното зеленило во општина Гевгелија за 2026 година,
27. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Гевгелија за 2026 година,
28. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија за 2026 година,
29. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија за 2026 година,
30. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија за 2026 година,
31. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци за 2026 година,
32. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Климент Охридски“ – Миравци за 2026 година,
33. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООМУ „Васо Карајанов“ – Гевгелија за 2026 година,
34. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија за 2026 година,
35. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија за 2026 година,
36. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“ – Гевгелија за 2026 година,
37. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУДГ „Детска радост“ – Гевгелија за 2026 година,
38. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот план за вработување на ЈОУДГ „Детска радост“ – Гевгелија за 2026 година,
39. Предлог-Одлука за прифаќање на донација на техничка документација – Основен проект за изградба на дел од ул. 6, дел од ул. „Борис Кидрич“ и ул. „5“, согласно планска документација за дел од блок 11 (11.3), Општина Гевгелија,
40. Предлог-Заклучок по Иницијативата за изработка на Стратегија за развој на зеленилото, Основен план за подигање и развој на зеленилото, Годишна оперативна програма за подигање и одржување на зеленилото и воспоставување и одржување на Зелен катастар,
41. Извештај за активностите на ТППЕ – Гевгелија во 2025 година,
42. Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈПКД „Комуналец“ – Гевгелија, бр. 02-1728/3 од 09.12.2025 година,
43. Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈПКД „Комуналец“ – Гевгелија, бр. 02-1728/4 од 09.12.2025 година,
44. Советнички прашања.


