Советот на Општина Гевгелија на 4 јули 2025 година ќе ја одржи својата 64. седница, со почеток во 10:30 часот, во Малата сала на Народниот театар во Гевгелија. За работа на седницата е предложен следниот дневен ред:
1. Информација за работата на Локалната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција во општина Гевгелија,
2. Информација за работата на Општинската комисија за определување имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во општина Гевгелија,
3. Информација за детското престапништво на територијата на општина Гевгелија,
4. Информација за состојбата со занаетчиската дејност во општина Гевгелија,
5. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијативата за воведување еднонасочен режим на сообраќај на улицата „Миле Пецанов“ во Гевгелија,
6. Информација за обезбедување финансиска поддршка од Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година на Леонид Цуклев од Гевгелија за учество на Интернационалната олимпијада по информатика во Боливија и на Балканската олимпијада по информатика во Италија,
7. Предлог-Решение за давање согласност на дополнувањето на Годишниот план за вработување во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2025 година,
8. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителскиот објект „Бел Рај“- Миравци на 25.07.2025 и 26.07.2025 година,
9. Предлог-Решение за разрешување член во Управниот одбор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи- Гевгелија како претставник на Општина Гевгелија,
10. Предлог-Решение за именување член во Управниот одбор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи- Гевгелија како претставник на Општина Гевгелија.