Советот на Општина Гевгелија, на 5 август 2025 година, ќе ја одржи својата 66. седница. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа на претстојната седница е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година,
2. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2025 година,
3. Предлог-Решение за усвојување за измените и дополнувањата на Финансовиот план на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2025 година,
4. Предлог-Одлука за обезбедување сопствено учество за Проект: „Реставрација на зелена инфраструктура- Повторно размислување за зелена идеја“ со реф. број BGMK0300062 аплициран на ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија 2021-2027 година.