Августовската програма за „Гевгелија град на културата за 2025 година“ започнува со Концерт на рок-групата „Зијан“ од Гевгелија, којшто ќе се одржи утре- 7 август 2025 година (четврток), со почеток во 21:00 часот, на Градскиот плоштад во Гевгелија.
„Зијан“ ќе настапи со избор на песни од својот репертоар, вклучувајќи ги и најпознатите композиции, а публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со рок-звук и текстови познати на сите генерации.
Преку вакви настани, Општина Гевгелија како носител на епитетот „град на култура“ продолжува со своите активности за поддршка и афирмација на локалната музичка сцена. Локалните музички состави добиваат можност да настапат пред пошироката публика, со што директно придонесуваат кон збогатување на културниот живот во општината.
