Утре (7 мај 2025 година), во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, следува Концерт на Божана Гошева- виолина во пијано-придружба на Весна Ангелова Христов. Во хотел „Аполонија“, со почеток во 20:00 часот, ќе бидат изведени дела од Моцарт, Зографски, Паганини, Бах, Виењавски и Сарасете.
Божана Гошева (2006) ги бележи своите први музички настапи на детски фестивали. Во 2010 година, почнала да учи виолина во класата на проф. Анна Кондратенко, а потоа и во класата на проф. Румен Димитриев. Понатамошното образование го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. Јелена Туфекчиевска. Во текот на нејзиното образование има настапувано на меѓународни и државни натпревари на кои има освоено високи први и специјални награди. Во 2024 година, е добитничка на престижната награда на Фондацијата „Илија Николовски- Луј“ за високи достигнувања во текот на образованието. Активно улествува и во работата на училишниот симфониски и камерен оркестар, под раководство на проф. Фи Фи Ле.


