Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 7. седница на 27 февруари 2026 година, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа на седницата е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за работењето на Општина Гевгелија во 2025 година,
2. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година, за период 01.01.2025 – 31.12.2025 година (кумулатив),
3. Предлог-Завршна сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година,
4. Предлог-Решение за усвојување на Завршната сметка на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2025 година,
5. Предлог-Решение за усвојување на Завршната сметка на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2025 година,
6. Предлог-Решение за усвојување на Завршната сметка на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2025 година,
7. Предлог-Решение за усвојување на Завршната сметка на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2025 година,
8. Предлог-Решение за усвојување на Завршната сметка на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за 2025 година,
9. Предлог-Решение за усвојување на Завршната сметка на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2025 година,
10. Предлог-Решение за усвојување на Завршната сметка на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2025 година,
11. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активности на Општина Гевгелија во областа на образованието за 2025 година,
12. Предлог-Информација за средното стручно образование за 2025/2026 година во Општина Гевгелија,
13. Предлог-План за запишување на ученици во I година средно образование во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија во 2026/2027 година,
14. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Гевгелија за 2025 година,
15. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општина Гевгелија за 2025 година,
16. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на социјалната заштита за 2025 година,
17. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2025 година,
18. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за работата на Локалниот младински совет во Општина Гевгелија за 2025 година и именуваниот службеник во делокругот на младите за 2025 година,
19. Предлог-Програма за работа на Локалниот младински совет во Општина Гевгелија за 2026 година и именуваниот службеник во делокругот на младите за 2026 година,
20. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општините од Повардарскиот регион,
21. Предлог-Одлука за прогласување на црквата „Св. Атанасиј“- с. Габрово, Општина Гевгелија, за значајно културно наследство,
22. Предлог-Одлука за утврдување потреба за прифаќање иницијатива од барател за изработка на Урбанистички проект вон населено место (УПВНМ) за објект на КП бр. 267 КО Прдејци,
23. Предлог-Одлука за прифаќање иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за инфраструктура со намена Е1.8- Водови за пренос на електрична енергија- Подземен 10/20 kV вод и столбна бетонска трафостаница на дел од КП бр. 728/1 и дел од КП бр. 729 Ново Конско, Општина Гевгелија,
24. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за финансиска поддршка на НВО секторот од Општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2025 година,
25. Предлог-Програма за финансиска поддршка на НВО секторот од Општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2026 година,
26. Предлог-Решение за разрешување член во Училишниот одбор на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија,
27. Предлог-Решение за именување член во Училишниот одбор на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија,
28. Предлог-Решение за усвојување на Завршната сметка на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2025 година,
29. Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2025 година,
30. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2026 година,
31. Предлог-Решение за усвојување на Завршната сметка на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2025 година,
32. Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2025 година,
33. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2026 година,
34. Предлог-Решение за усвојување на Завршната сметка на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2025 година,
35. Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2025 година,
36. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2026 година,
37. Предлог-Решение за усвојување на Завршната сметка на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз-Тито“- Гевгелија за 2025 година,
38. Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз-Тито“- Гевгелија за 2025 година,
39. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз-Тито“- Гевгелија за 2026 година,
40. Предлог-Информација за состојбата со здравствената заштита на населението во Општина Гевгелија и состојбата со здравствениот кадар во јавните здравствени установи во Општина Гевгелија,
41. Предлог-Информација за состојбата со шумскиот фонд, пошумувањето и експлоатацијата на шумите во Општина Гевгелија,
42. Предлог-Иницијатива од советничката група на Левица- Гевгелија за донесување Предлог-Заклучок за изработка на Општински енергетски план.


