Во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, НУ Музеј- Гевгелија ќе биде домаќин на втората од серијата патувачки изложби насловена „Живеј со стил- поддржи различности“. Отворањето на Изложбата ќе се одржи утре- 8 август (петок), со почеток во 20:00 часот, во Уметничка галерија „Амам“.
По првата поставка во Крушево, оваа патувачка изложба продолжува и во Гевгелија, град кој оваа година ја поставува инклузивноста како вредност во срцето на културниот развој. Изложбата претставува 31 портрет на лица со попреченост, секој од нив носејќи силна лична порака за прифаќање, достоинство и човечка поврзаност. Заедно, тие нудат визија за едно поинклузивно и свесно општество. Како град на културата, Гевгелија ја отвора сцената за уметност што поврзува, а се поканети сите граѓани да ја проследат оваа изложба што ја слави различноста како сила.
Проектот го имплементира Здружението за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост „Икуалити“, а е поддржан од Министерството за култура и туризам.

