На 11 јануари 2023 година, во угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, беше одржана 3. Форумска сесија во организација на Општина Гевгелија, за презентација на шесте предлог-проекти за заштита на животната средина коишто граѓаните ги развиваа преку предлог-концепти на претходните форумски сесии.
Пред Форумот, беа презентирани активностите и буџетските рамки на предлог-проектите за:
– Изградба на велосипедска и пешачка патека, адаптирани и за лицата со попреченост;
– Уредување на паркот и реконструкција на објектот во Смрдлива Вода и негова адаптација за користење и од лицата со попреченост;
– Изградба на спортско-рекреативен парк и рехабилитација на веќе постоечките со содржини за лицата со попреченост, деца и возрасни;
– Селекција и рециклирање на отпад;
– Собирен центар за употреблив отпад од домаќинствата;
– Поставување фотоволтаици на училишните згради.
Форумот донесе одлука сите шест предлог-проекти да бидат дел од листата на гласање за избор на еден или повеќе проекти за реализација во 2024 година, со грантот во висина до 50.000 американски долари, во рамки на Програмата: „Зајакнување на општинските совети- Фаза 2“ што ја имплементира и кофинансира УНДП во соработка со Општина Гевгелија.