Надлежности на Градоначалникот

– Ја претставува и застапува Општината;
– Ја контролира законитоста на прописите на советот;
– Ги објавува прописите на советот во службено гласило;
– Го обезбедува извршувањето на работите на одлуките на советот;
– Го обезбедува извршувањето на работите кои со закон се делегирани на општината;
– Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
– Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
– Го извршува буџетот на општината;
– Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
– Редовно го известува советот за извршување на своите надлежности во согласност со статутот;
– Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
– Донесува правилник за систематизација на работни места во општинска администрација;
– Раководи со општинска администрација;
– Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
– Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статут;
– Врши други работи утврдени со закон и со статут;
– Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.

Skip to content