Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, ја најави завршната фаза од изградбата на новиот пазар во Миравци. По завршувањето на градежните работи, објектот ќе биде пуштен во употреба, со што жителите ќе добијат функционален пазар по стандарди за достојно извршување на неделните потреби за пазарење. Исто така, по барање на жителите, објекот е и партерно уреден и ограден.
Овој проект е предизборно ветување на градоначалникот Сарамандов, којшто беше предвиден во Програмата за Локалните избори 2021 година. По неговото стапување на функцијата Градоначалник, се пристапи кон изработка на техничка документација, а по нејзиното завршување и кон изведба на градежните работи за изградба на пазарот.