Изминатиот период, во просториите на ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија се одржаа две работилници кој ги водеше предметниот наставник по ликовно образование, Александар Јанев. На самата работилница, учесниците даваа нивни предлози и идеи за цртање на муралите во Училиштето, се одреди кокретно што ќе се црта на тема „Пријателство“, кои техники ќе се употребат, локацијата на исцртување на муралот и материјали кои ќе бидат потребни за негово цртање. На овие работилници учествуваа 37 ученика од 6. до 9. одделение од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија.
Се организираа како дел од активностите на Проектот „Уметност за едукација и пријателство“ што го спроведува Регионален центар за одржлив развој- Гевгелија во соработка со ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија. Целта на Проектот е поттикнување на креативност и соработка меѓу учениците со што ќе се зајакнат капацитетите и вештините младите за креативно изразување, а со тоа ќе се уреди училиштето со уметнички цртежи.
Проектот: „Уметност за едукација и пријателство“ се имплементира во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот: „Уметност за едукација и пријателство“ е кофинансиран од Општина Гевгелија.