Согласно Програмата за ДДД, во општина Гевгелија, на 8 август 2024 година, беше извршена и последната ларвицидна дезинсекција. Третата по ред ларвицината дезинсекција ги опфати стојните води покрај реката Вардар и во населените места. Од годинашниот третман, останува да се реализира и третото последно теристичко прскање против возрасни комарци, за чиј термин на спроведување Општина Гевгелија ќе ги извести навремено граѓаните.
Дезинсекцијата ја спроведува Фирмата за ДДД „Зотокс“ од Скопје, согласно склучен договор по пат на јавна набавка.