Во рамки на програмските активности за 2025 година, Општина Гевгелија реализираше уште една значајна инвестиција во населеното место Мрзенци – изградба на пат со бетонска подлога кој води до црквата „Свети Константин и Елена“. Оваа активност е исполнување на децениско барање на жителите на Мрзенци и претставува конкретен чекор кон подобрување на локалната патна инфраструктура.
По завршувањето на градежните активности, градоначалникот на општина, Андон Сарамандов, Гевгелија го посети населеното место.
– Новата патна делница значително ќе го олесни пристапот до верскиот објект, ќе придонесе за поудобно секојдневно движење на мештаните и ќе го подобри квалитетот на живот во ова населено место. Општината продолжува со реализација на проекти кои се во функција на подобрување на условите за живот во сите населени места на територијата на општина Гевгелија- истакна градоначалникот Сарамандов.



























