Првото теристичко прскање против возрасни комарци на подрачјето на општина Гевгелија ќе се реализира на 15 јуни 2026 година (понеделник), во доцните вечерни часови, согласно предвидената динамика и планот за спроведување на мерки за заштита на населението од инсекти.
Се известуваат сите граѓани дека активноста ќе се изведува со соодветни препарати за ваква намена, при што се апелира за зголемена претпазливост во периодот на изведување на прскањето. Исто така, се известуваат пчеларите дека е потребно навремено да ги преземат сите неопходни превентивни мерки за заштита на пчелните семејства (затворање или обезбедување на кошниците), со цел да се избегнат евентуални негативни последици.
Во случај на неповолни временски услови (ветер, дожд или други фактори кои би можеле да ја намалат ефикасноста на третманот), активноста ќе биде одложена, за што граѓаните ќе бидат навремено информирани за новиот термин преку официјалните канали за информирање на Општина Гевгелија.



